Меѓународен фудбал Фудбал

Анчелоти застана во одбрана на Винисиус Жуниор!

Селекторот на бразилската репрезентација, Карло Анчелоти, цврсто застана во одбрана на својата ѕвезда Винисиус Жуниор, порачувајќи дека жестоките критики во Шпанија за неговиот пад на формата во Реал Мадрид воопшто не го менуваат неговиот статус на светска елита.

Во интервју за „Тајмс оф Индија“ за време на контролната турнеја на Бразил низ Австралија и Азија, италијанскиот стратег истакна дека има максимална доверба во бразилскиот офанзивец.

„Можеби во овој момент не го игра својот најдобар фудбал, но квалитетот на Винисиус е неспорен. Ниту еден играч на светот не може константно да биде на врвот. Тој е фантастичен фудбалер и сигурен сум дека веќе на следните мечеви ќе биде на препознатливото ниво“, истакна Анчелоти.

За трофејниот стратег, претстојните пријателски дуели против Австралија и Индија се идеален терен за тестирање нови имиња и градење на тимот за Копа Америка 2028 и Мундијалот 2030. Анчелоти откри дека неговиот стручен штаб неделно скаутира меѓу 60 и 70 бразилски фудбалери од сите меридијани, од Европа до Саудиска Арабија, за ниту еден голем талент да не остане неприметен.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.