По уште еден тежок период за италијанскиот репрезентативен фудбал и пропуштањето на последните три Светски првенства, легендарниот Карло Анчелоти излезе со искрена анализа за состојбата на „чизмата“. Актуелниот селектор на Бразил посочи дека Италија веќе со години не успева да произведе фудбалери од највисок светски калибар.
„Мислам дека Италија во последните години не беше во состојба да создаде добра генерација врвни играчи. Дотолку што сега, во најголемите клубови како Милан, Интер и Јувентус, нема ниту еден квалитетен италијански напаѓач“, искрен беше Анчелоти во интервјуто за „CNN Esportes“.
Сепак, трофејниот стратег не го губи целосно оптимизмот, истакнувајќи ги успесите на младинските селекции до 17 и 20 години кои остваруваат одлични резултати на европска сцена. Според него, токму тој нов бран треба да ја врати Италија на најголемите собири.
Како одговор на кризата со таленти и згуснатиот распоред во Лигата на нации каде што „Азурите“ ги очекуваат четири меча во две недели, селекторот Роберто Манчини подготвува сериозна реорганизација. Според пишувањата на „Газета дело Спорт“, Манчини подготвува проширен список со повеќе од 30 фудбалери, отворајќи ја вратата за свежа крв.
Меѓу новите имиња кои треба да го освржат тимот се издвојуваат тинејџерската сензација од Милан, Алфаџо Сисе, како и офанзивецот Николо Тресолди, кој реши да настапува за Италија откако претходно го носеше дресот на младата репрезентација на Германија. Смената на генерациите кај четирикратниот светски првак е веќе во тек, а Манчини очигледно нема намера повеќе да чека.

