Меѓународен фудбал Фудбал

Анчелоти пресече: Бразил со Нејмар ќе го напаѓа Мундијалот!

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, официјално го објави финалниот список од 26 фудбалери кои ќе ја претставуваат нацијата на претстојното Светско првенство. Најголемата вест и олеснување за фановите е вклучувањето на суперѕвездата Нејмар, чиј настап претходно беше под огромен знак прашалник. Искусниот 34-годишен напаѓач на Сантос доби доверба од италијанскиот стратег и покрај долгиот период исполнет со незгодни повреди.

Покрај него, во офанзивниот дел на „кариоките“ очекувано ќе блеснат и големите ѕвезди Винисиус Жуниор и Рафиња. Бразилскиот национален тим ќе ги започне своите натпревари во рамките на групната фаза со дуели против Мароко, Хаити и Шкотска. Навивачите со големи амбиции очекуваат оваа моќна селекција конечно да го прекине долгиот пост и да го нападне златниот мундијалски пехар.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести