Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Анчелоти: Хидратација го чинеше Бразил елиминација од Норвешка!

Селекторот на репрезентацијата на Бразил, Карло Анчелоти, во разговор за ЕСПН повторно се осврна на дебаклот на неговата селекција и поразот од Норвешка на Светското првенство, издвојувајќи ја паузата за хидратација како еден од клучните моменти што го променија текот на мечот.

Паузата за освежување предизвика големи дебати во текот на Мундијалот, а за италијанскиот стратег таа послужи како основно објаснување за раната елиминација на бразилскиот национален тим.

„Мислам дека изгубивме од Норвешка поради паузата за хидратација. До тој момент тимот ја имаше контролата. Иако Норвешка имаше голем посед на својата половина, истото го правеа и против Англија, па сепак не успеаја да победат“, истакна Анчелоти.

И покрај тоа, искусниот стратег признава дека презема целосна одговорност за тактичките одлуки што ги донел во тие моменти од средбата.

„Тука можеби направив грешка. Мислев дека ја изгубивме контролата тогаш кога веќе ја немавме. Направив неколку измени, а тука беше и проблемот со голот на Холанд“, додаде италијанскиот стручњак.

Бразил го заврши настапот на Светското првенство уште во осминафиналето, што беше првпат од 1990 година „кариоките“ да не се пласираат меѓу осумте најдобри репрезентации на светот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.