Светски првенства Фудбал

Анчелоти брзо реагира: Едерсон го менува повредениот Весли во Бразил!

Лоши вести пристигнаа во таборот на бразилската репрезентација пред самиот почеток на Светското првенство. Десниот бек на Рома, Весли Франса, дефинитивно го пропушта претстојниот Мундијал, откако лекарскиот тим потврди дека сериозно го повредил мускулот на левата нога.

Како што соопштија од бразилската фудбалска федерација, дефанзивецот заработи повреда на пријателскиот натпревар против Египет. Иако првичните прогнози даваа надеж, магнетната резонанца покажа дека проблемот е многу посериозен, па тој веднаш е отпишан од комбинација за настап.

Селекторот Карло Анчелоти брзо реагираше на овој хендикеп и донесе одлука местото на Весли во националниот тим да го заземе фудбалерот на Аталанта, Едерсон Да Силва. Тој веќе во понеделник ќе и се приклучи на експедицијата на „кариоките“ во Соединетите Американски Држави, каде што ќе добие шанса да се докаже на најголемата фудбалска сцена.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.