Меѓународен фудбал Фудбал

Аналитичарите сложни, Раја сопрен со фаул!

Додека трката за титулата достигнува точка на вриење, еден момент на будност во ВАР-собата ги спаси соништата на „топчиите“. Она што на прв поглед изгледаше како шок за Арсенал, се претвори во правна разврска која може да ја дефинира целата сезона во Премиер лигата.

Аналитичарите на Островот се децидни, Давид Раја беше мета на недозволен напад, а судиската одлука да се поништи голот на Вест Хем е единствената праведна разврска во оваа драма. Овој триумф од 1:0 не само што го држи Арсенал во игра за трофејот, туку ги фрла „чеканите“ во очајна борба за опстанок.

Легендарниот Рој Кин, во свој стил, не штедеше критики за невнимателноста на напаѓачите: „Едноставно е, не смееш да го држиш голманот толку долго. Тоа е чист фаул и прилично наивен потег на Вест Хем во клучни моменти.“

За Иан Рајт, правдата е задоволена:„Раја ќе ја фатеше топката без проблем ако не го попречеа. Ова е можеби една од најважните одлуки донесени некогаш. Не сум голем фан на ВАР, но овојпат системот си ја заврши работата беспрекорно,“ истакна поранешниот напаѓач.

Џејми Реднап се согласи дека влијанието врз голманот било премногу очигледно за да се игнорира, посочувајќи дека Пабло предолго го задржал Раја за да може да се зборува за случаен контакт.

Највпечатлив во својот коментар беше Гери Невил, кој оваа одлука ја нарече „фудбалски земјотрес“. Според него, судијата Дарен Ингланд во ВАР-собата го имал најтешкиот, но и најуспешниот момент во кариерата. „Ова е момент кој навивачите на Арсенал ќе го прераскажуваат со децении,“ заклучи Невил.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести