Кошарка Меѓународна кошарка

Анадолу Ефес се засили со најдобриот стрелец во Еврокупот, Расел стигна во Истанбул! (ФОТО)

Анадолу Ефес го комплетираше ростерот за новата сезона со ангажманот на Дорон Расел, најдобриот стрелец во Еврокупот минатата сезона. Американскиот плејмејкер зад себе има одлична сезона во дресот на Клуж, каде што на 19 натпревари просечно постигнувал 19,8 поени, 6,2 асистенции и 3,6 скока, со индекс на корисност од 20,5.

Расел особено се истакна во најважните натпревари. Против Нептунас постигна рекордни 37 поени, додека во нокаут-фазата запиша 20 поени и седум асистенции против Будуќност, а потоа постигна 23 поени против Бахчешехир. Ова за Расел ќе биде прв настап во Евролигата. Тој веќе има искуство од турската кошарка, каде што настапуваше за Галатасарај и Маниса, а во трите сезони во Турција секогаш имал просек од најмалку 16 поени и 4,7 асистенции. Во Истанбул го очекува сериозна конкуренција за минутажата во бековската линија, но и голема шанса за првпат да се докаже на највисокото европско клупско ниво.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.