Други спортови Тенис

Ана Ивановиќ се врати на терените на Ролан Гарос!

Поранешната прва светска тенисерка Ана Ивановиќ предизвика огромно внимание во Париз со своето официјално враќање на Ролан Гарос, каде по долга пауза повторно заигра на својата омилена земјена подлога настапувајќи во конкуренција на двојки за турнирот на легенди. Нејзиното појавување донесе вистинска носталгија на трибините на стадионот Симон Матје, каде се собраа повеќе од илјада верни навивачи за да ги видат живите икони на белиот спорт кои прикажаа одличен тенис и покрај тоа што се работи за ревијален карактер.

Српската тенисерка која токму на овој Грен Слем во 2008 година ја освои својата единствена и историска голема титула, настапи во пар со Французинката Татјана Головин, но на крајот претрпеа пораз од петкратната грен слем шампионка Мартина Хингис и Луси Шафаржова со резултат 4:6, 3:6 по два интересни сета игра. Натпреварот донесе и интересен емотивен момент бидејќи Ивановиќ и Шафаржова повторно ги одмерија силите на истото место каде во далечната 2015 година одиграа драматично мундијалско полуфинале во кое тогаш славеше претставничката од Чешка.

По завршувањето на мечот, шармантната Ивановиќ со препознатлива насмевка и во одлична физичка форма накратко го искоментира својот настап пред медиумите и на шега, истакна дека било навистина супер и дека најважно е што успеале да преживеат на теренот, со оглед на тоа што силниот ветер малку им ја отежнувал играта на двете страни.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.