Новиот менаџер на Милан, Рубен Аморим, веднаш започна со воспоставување нови правила и радикални резови во составот. Португалскиот стратег веќе ја известил управата дека повеќе не смета на четворица фудбалери, кои добија зелено светло летово да си пронајдат нова средина.
На листа на Аморим се најдоа Кристофер Нкунку, Фикајо Томори, Јусуф Фофана и младиот Давид Одогу. Иако за нивниот ангажман во минатото беа потрошени над 100 милиони евра, „росонерите“ се принудени итно да го ослободат буџетот за плати и да генерираат свеж капитал. Неиграњето во Лигата на шампионите го притиска клубот да продава за да овозможи нови засилувања, кои му се неопходни на поранешниот тренер на Спортинг и Манчестер Јунајтед.
Инаку, Милан досега веќе доведе три засилувања, напаѓачот Гонсало Рамос кој беше платен дури 74 милиони евра, дефанзивецот Марио Хил од 30 милиони и младиот Санхун Дијавара од Троа. Сега фокусот целосно се префрла на продажба на прекобројните со цел да се врати финансискиот баланс во клубот.

