Меѓународен фудбал Фудбал

Аморим не сака споредби со Комо: Не копирам никого!

Тренерот на Милан, Рубен Аморим, порача дека неговиот тим нема намера да го копира стилот на Комо, откако беше запрашан зошто „росонерите“ не играат како тимот на Сеск Фабрегас.

„Ние сме различни тренери со различно минато и стил. Никогаш не ми било кажано дека треба да се инспирираме од Комо. Имам јасна идеја како сакам да игра Милан. На секој тренер му треба време“, изјави Аморим.

Португалецот додаде дека не е фокусиран на работата на Фабрегас, туку исклучиво на својот тим.

„Милан е тежок клуб за водење, но мојот фокус е како да победуваме и да играме според моите идеи. Сакам да земам по нешто од различни тренери, но не копирам никого“, порача Аморим пред дуелот со Лацио.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.