Љубителите на тенисот наскоро ќе имаат можност да ја видат приказната за Новак Ѓоковиќ од поинаква перспектива. Документарниот филм „Новак Ѓоковиќ: Волк во зима“ ќе биде премиерно прикажан на 20 август на платформата „Amazon Prime“. Филмот е дело на режисерот Џејсон Хир, познат по документарната серија „Последниот танц“ за Мајкл Џордан, а ќе се фокусира на патот на српскиот тенисер надвор од светлата на најголемите турнири.
Ѓоковиќ откри дека документарецот нема да биде само приказна за трофеи и рекорди, туку и за моментите исполнети со сомнежи, жртви и постојана борба за напредок.
„Тенисот ми даде многу, но најголемите битки никогаш не беа само на теренот. Ова е приказна за работите кои луѓето не ги виделе… за предизвиците, одрекувањата и работата врз себе“, изјави Ѓоковиќ.
Според него, проектот ќе покаже делови од неговиот живот кои досега не биле познати за јавноста, а главниот фокус нема да биде само на спортските успеси, туку и на луѓето и вредностите кои го обликувале неговиот пат.
„Патувањето беше неверојатно, но сè уште не е завршено“, порача еден од најдобрите тенисери во историјата.
"I’m trying to prove myself wrong more than anybody else."
Novak Djokovic: The Wolf in Winter is streaming August 20. pic.twitter.com/7n24EVv7Ao
— Prime Video (@PrimeVideo) July 14, 2026

