Кошарка Македонска кошарка Меѓународна кошарка Репрезентација на Македонија

Амар Хот направи трансфер во САД и ќе настапува во НЦАА! (ФОТО)

Младиот Амар Хот ќе има можност да се соочи со нов предизвик и да стекне искуство на една од најпознатите кошаркарски сцени во светот. За 23-годишниот кошаркар следува нова етапа во кариерата, далеку од македонските паркети. Хот ќе ја продолжи кариерата во САД, каде ќе добие можност да се докажува во универзитетската кошарка. Овој трансфер претставува значаен чекор напред за младиот кошаркар. Хот следната сезона ќе настапува за Универзитетот Источен Тексас А&М, кој се натпреварува во Саутленд конференцијата во рамките на НЦАА лигата.

Минатата сезона Хот го носеше дресот на Маџари, a со овој тим стигна до финалето на плејофот во македонската Суперлига, каде што Маџари беше поразен од МЗТ Скопје. Во текот на сезоната Хот одигра 32 натпревари и имаше просек од 13,9 поени по натпревар, со што беше еден од позначајните кошаркари во составот на тимот.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.