Меѓународен фудбал Фудбал

Алваро Арбелоа се враќа во Премиер лигата како нов менаџер на Фулам

Фулам експресно пронајде замена за Марко Силва и го назначи Алваро Арбелоа за нов шеф на стручниот штаб. Поранешниот дефанзивец на Ливерпул и на Реал Мадрид потпиша тригодишен договор со лондонскиот тим. Силва по пет години поминати на „Крејвен Котиџ“ реши да ја прифати понудата од Бенфика, со што се отвори простор за шпанскиот стратег да се врати во Премиер лигата, овојпат во тренерска улога.

Арбелоа беше без ангажман од мај годинава, кога ја заврши својата епизода на клупата на Реал Мадрид. Тој на почетокот на 2026 година го наследи Чави Алонсо на кормилото на „кралевите“, со кои ја заврши сезоната како вицепрвак во Ла Лига и стигна до четвртфиналето во Лигата на шампионите, но соработката набрзо беше прекината.

Новиот менаџер нема да има многу време за прилагодување во Англија. Распоредот посака Фулам новата сезона во Премиер лигата да ја отвори со големо дерби против Челси, тим кој од клупата го предводи токму неговиот поранешен соиграч од репрезентацијата, Чави Алонсо.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.