Меѓународен фудбал Фудбал

Алварез останува во Атлетико, „јорганџиите“ го вратија на тренинг!

Хулијан Алварез се врати на тренинзите на Атлетико Мадрид и покрај неговата јавна желба за премин во Барселона по настапот за Аргентина на Мундијалот. Раководството на шпанскиот клуб одби да ги прифати неговите барања за трансфер, а клубот веќе објави фотографии од неговиот тренинг со Маркос Љоренте и Алекс Баена. Шпанските медиуми откриваат дека пораката од управата до 26-годишниот голгетер била краткa и јасна — да му се извини на тимот и веднаш да се стави во функција на екипата.

Иако социјалните мрежи се преплавени со шеги и фотомонтажи од Аргентинецот во затворска униформа, тој има цврст договор со Атлетико дури до летото 2030 година, што дополнително му ги врза рацете за предвремено заминување. Алварез минатата сезона постигна 20 голови во сите натпреварувања, од кои десет во Лигата на шампионите, па и покрај моментално затегнатите односи со раководството, тој останува еден од клучните адути на тимот за претстојната сезона.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.