Хулијан Алварез е централно име во трансфер плановите на Барселона за претстојното лето, иако реализацијата на овој мега-трансфер се чини како „невозможна мисија“ поради празната каса на каталонците. Спортскиот директор Деко веќе воспоставил првични контакти со агентите на Аргентинецот уште во зимскиот период, но преговорите моментално се во фаза на мирување додека клубот бара начин да ги задоволи финансиските регулативи.
Атлетико Мадрид нема намера да прави отстапки за својата ѕвезда и постави вртоглава цена од над 120 милиони евра, сума идентична на онаа што Барса ја плати за Антоан Гризман пред неколку години. Дополнителен проблем за шпанскиот гигант е и жестоката конкуренција од Англија, каде Арсенал веќе припрема терен за ангажман на напаѓачот. Останува да се види дали Барселона ќе успее да извлече финансиско чудо од ракавот или Алварез ќе заврши во Премиер лигата, доколку воопшто ги напушти „јорганџиите“.

