Меѓународен фудбал Фудбал

Алварез го промени агентот, сега е фокусиран на Атлетико

Хулијан Алварез презеде конкретен чекор за да ги смири односите со Атлетико Мадрид, откако реши да ја прекине соработката со својот долгогодишен агент Фернандо Идалго, објави аргентинскиот медиум „TyC Sports“. Одлуката доаѓа по турбулентното лето за аргентинскиот напаѓач, во кое се шпекулираше за негово заминување, вклучително и можен трансфер во Барселона, кој на крајот не се реализираше.

Алварез и Идалго соработуваа речиси десет години, уште од периодот кога фудбалерот го градеше своето име во Ривер Плејт, па сè до неговиот престој во Манчестер Сити и преселбата во Атлетико. Според информациите на „TyC Sports“, разделбата со агентот е дел од обидите на аргентинскиот репрезентативец да ја намали тензијата и да ја потврди својата посветеност на мадридскиот клуб.

Алварез останува важен дел од проектот на Атлетико, а следниот период ќе покаже дали овој потег ќе помогне во целосното смирување на ситуацијата околу неговата иднина.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.