Стевче Алушовски повеќе не е тренер на Еурофарм Пелистер. Битолчанецот раководеше со тимот во изминатите 3 месеци, но поради лошата серија на резултати, тренерот, реши да поднесе оставка. Иако најпрво не беше прифатена од раководството, сепак на крајот истата е усвоена. Пелистер не успеа да парира на силните тимови во Лигата на шампионите, а најмногу пресуди загубеното полуфинале против Охрид во македонскиот Куп. Исто така, речиси е загубена и титулата во домашниот шампионат.
До крајот на сезоната со екипата ќе предводи младиот и перспективен тренер Алексо Лембанов, кој веќе неколку години е дел од битолскиот колектив.
Првиот натпревар на клупата ќе го има токму против лутиот ривал Вардар во првите денови од месец мај.

