Авто-мото Други спортови

Алонсо: Формула 1 е мојот живот, но не планирам да се пензионирам!

Двократниот светски шампион Фернандо Алонсо сè уште ја нема донесено конечната одлука за својата иднина во Формула 1. Шпанецот, кој неодамна наполни 45 години, има договор со Астон Мартин до крајот на актуелната сезона. Пред Трката за Големата награда на Холандија, тој истакна дека летово бил целосно исклучен од преговорите, но дека наскоро следат клучните разговори.

Астон Мартин за трката во Зандворт носи надградена погонска единица од Хонда, но Алонсо нагласува дека неговиот престој не зависи само од моменталните перформанси на болидот. Тој наскоро ги започнува разговорите со сопственикот Лоренс Строл и техничкиот директор Адријан Њуи околу неговата идна улога во тимот.

„Формула 1 е мојот живот и моето срце секогаш ќе биде тука. Долгорочно ќе останам дел од овој тим, без разлика дали како возач или во друга улога. Сепак, јас сум тркач и мора да го чувствувам адреналинот. Сакам еден ден да го освојам Дакар, да се обидам повторно на Инди 500 или да се борам за третата титула во Ф1“, изјави Алонсо.

Шпанскиот ветеран потврди дека нема поставено краен рок за одлуката и дека сите детали ќе ги прецизира со раководството во наредните недели.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.