Други спортови Тенис

Алкараз во фуриозен стил до место меѓу осумте во Токио

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз обезбеди место меѓу осумте најдобри на АТП-турнирот во Токио, откако во дуел со два потполно различни сета го совлада Италијанецот Матео Арналди со 7-6 (8-6) и 6-1.

Првиот сет донесе вистинска драма и тестирање на нервите за вториот носител. Иако Алкараз тргна офанзивно и веднаш направи брејк за 2-0, 37-от играч на светската ранг-листа брзо се врати во игра и избори неизвесен финиш. Во тај-брејкот Арналди имаше златна шанса да го шокира Шпанецот кога поведе со убедливи 5-1 и подоцна избори дури четири сет-топки. Сепак, Алкараз во тие моменти ја покажа својата шампионска класа, спаси ги сите закани, режираше спектакуларен пресврт и го освои сетот со 8-6.

Неискористените шанси целосно го скршија отпорот на Италијанецот, па вториот сет помина во комплетна доминација на вториот рекет во светот. Алкараз влезе во препознатливиот ритам, врза пет гема по ред (5-0) и по еден час и 46 минути игра рутински ја запечати победата.

Во борбата за пласман во полуфиналето, Алкараз ќе ги одмери силите против Денис Шаповалов, против кого има максимални 2-0 во меѓусебните пресметки. Канаѓанецот го обезбеди своето место во четвртфиналето по тешка битка и победа во три сета над Алехандро Табило (7-5, 3-6, 6-4) на турнирот кој се игра за награден фонд од 2,34 милиони долари.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.