Други спортови Тенис

Алкараз со нова убедлива победа, Ву немаше сили за изненадување!

Карлос Алкараз продолжува со одличните настапи на УС Опен. Шпанскиот тенисер го совлада Ву Јибинг со 3-0 во сетови (6-3, 6-4, 6-1) и обезбеди пласман во осминафиналето, односно во втората недела од турнирот.

Мечот на „Артур Аш“ траеше 140 минути, а иако резултатот делува убедливо, Алкараз мораше добро да се намачи во првите два сета. Ву играше агресивно и неколкупати успеа да се врати по загубен сервис, но Шпанецот беше посигурен во клучните моменти и со нови брејкови ги реши двата сета во своја корист.

По 6-3 и 6-4, во третиот сет Алкараз целосно го презеде мечот. Ву го загуби ритамот, додека Шпанецот продолжи со силни удари и брзо стигна до убедливи 6-1 за конечна победа. Алкараз така без загубен сет продолжува во Њујорк и го потврди напредокот во својата игра по враќањето на големата сцена.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.