Други спортови Тенис

Алкараз се врати со победа, па зборуваше за Ѓоковиќ…

Карлос Алкараз се врати на тениските терени по четиримесечна пауза и стартуваше со победа на УС Опен. Шпанецот во првото коло го совлада Роман Сафиулин, а по мечот изрази задоволство што повредата не му создава проблеми. Алкараз истакна дека нормално го чувствувал и рачниот зглоб и рамото и дека сега сака постепено да влегува во турнирскиот ритам, без да си создава дополнителен притисок околу резултатот.

„Не знам колку далеку ќе стигнам. Сакам само да уживам секогаш кога ќе излезам на терен и повторно да се натпреварувам“, порача шпанскиот тенисер.

Една од главните теми по мечот беше и неочекуваната елиминација на Новак Ѓоковиќ уште во првото коло.

„Тоа е големо изненадување. Кога некој како Новак ќе испадне во првото коло, секогаш е изненадување. Но, на гренд слем турнирите секој меч е тежок“, изјави Алкараз.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.