Други спортови Тенис

Алкараз се враќа во Њујорк, но призна…

Карлос Алкараз конечно се враќа на големата сцена. Шпанскиот тенисер и трет играч на светот ќе настапи на УС Опен, откако повеќемесечната пауза поради повреда на десниот зглоб сериозно го доведе во прашање неговото учество на американската турнеја. Алкарас последен пат играше во средината на април, по што мораше да направи принудна пауза. Опоравувањето траеше околу четири и пол месеци, а самиот тенисер откри дека најтежок бил почетниот период, кога практично не можел да ја користи десната рака.

„Првиот месец беше навистина тежок бидејќи не можев ништо да правам со десната рака. Тоа беше многу тешко“, раскажа Алкараз.

Сепак, паузата му овозможила да помине повеќе време со најблиските. Проблемите започнале кога требало да се врати на тренинзите, бидејќи тогаш не знаел дали неговото тело ќе биде подготвено за настап во САД.

„Не знаев дали ќе бидам подготвен за Синсинати, за УС Опен или можеби ќе ја пропуштам целата американска турнеја. Тоа беа најтешките мисли со кои морав да се справам. Но, на крајот, еве нè тука“, додаде шпанскиот ас.

Алкараз на 20 август потврди дека ќе настапи на последниот гренд слем турнир во сезоната. Во првото коло во Њујорк го очекува дуел со Русинот Роман Сафиулин. УС Опен годинава ќе се одржи од 30 август до 13 септември на тврдите терени во Националниот тениски центар „Били Џин Кинг“ во Њујорк. Алкараз во турнирот влегува како бранител на титулата, но по долгата пауза останува да се види во каква форма ќе биде еден од главните фаворити за трофејот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.