Заборавен е неочекуваниот пораз од Бен Шелтон на УС Опен, Карлос Алкараз го започна настапот на турнирот од серијата 500 во Токио со триумф, иако неговата игра беше далеку од идеална. Шпанскиот тенисер мораше добро да го „запоти дресот“ и по повеќе од два и пол часа жестока борба го скрши отпорот на жилавиот Алекс Микелсен со 7-6 (7-1), 4-6 и 6-1, осигурувајќи си двобој со Матео Арналди во следното коло.
Двобојот донесе куп пресврти и нервоза, а второрангираниот тенисер во светот дури петпати дозволи да му биде одземен сервисот. Главниот расплет се случи во воведниот сет, кога Микелсен пропушти две шанси за освојување на делот, по што Алкараз покажа шампионски рефлекс, протутне низ тај-брејкот, а по краткиот пад во вториот сет, рутински го докрајчи ривалот во одлучувачката трета деделница.
Натпреварувачкиот ден во јапонската престолнина помина во знак на големи изненадувања. Подолгата пауза остави трага кај Холгер Руне кој претрпе катастрофален пораз од Килијан Жаке освојувајќи скромни четири гејма, додека раните елиминации на Тејлор Фриц и Каспер Руд дополнително ја отворија ждрепката. Пласман понатаму обезбедија Стефанос Циципас по победата над Томас Ечевери (6-4, 3-6, 6-4) и Денис Шаповалов.

