Карлос Алкараз ги продолжи сигурните чекори кон одбрана на титулата на УС Опен, откако без поголеми проблеми го совлада Американeцот Томи Пол со 3:0 во сетови (6:4, 6:3, 6:4) и се пласираше во четвртфиналето од последниот гренд слем во сезоната.
Шпанскиот тенисер диктираше силен ритам во текот на целиот натпревар кој траеше нешто помалку од два и пол часа. Пол се обиде да внесе резултатска драма во вториот сет кога брзо го врати претрпениот брејк, но Алкараз веднаш реагираше, повторно ја презеде контролата и рутински го затвори мечот. Со оваа победа, Шпанецот има загубено само еден сет на четирите одиграни натпревари во Њујорк.
Ваквата форма на Алкараз има уште поголема тежина ако се има предвид дека тој паузираше дури четири месеци поради повреда на зглобот и го пропушти речиси целото лето.

