Други спортови Тенис

Алкараз по четири месеци се враќа на терените

Карлос Алкараз веќе е во Њујорк и ги започна подготовките за својот настап на УС Опен. Шпанскиот тенисер по пауза од четири месеци повторно излезе на терен, со јасна цел – во оптимална форма да го дочека стартот на последниот грен слем турнир во сезоната.

Алкараз во понеделникот го одработи првиот тренинг во комплексот „Били Џин Кинг“, а за првпат тренираше на „Луис Армстронг“, вториот најголем стадион во комплексот. Шпанецот на теренот излезе во 11 часот по локално време и со тоа официјално ги означи подготовките за враќањето во натпреварувачки ритам. По долгата пауза, вниманието на тениската јавност ќе биде насочено кон Алкараз и неговата физичка и натпреварувачка форма пред почетокот на турнирот во Њујорк.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.