Други спортови Тенис

Алкараз неизвесен за Ролан Гарос, повредата може да потрае и неколку месеци

Повредата на Карлос Алкараз може да го загрози настапот на тенисерот на претстојниот Ролан Гарос турнир, а закрепнувањето може да потрае подолго од првичните проценки.

Тој веќе се повлече од турнирите во Барселона и Мадрид поради повредата на рачниот зглоб, а големи се шансите да не настапи ни на турнирот во Рим. Самиот Алкараз потврди дека под знак прашалник е и настапот на турнирот во Париз.

Шпанскиот тенисер не би сакал да брза со враќање на тениските терени, а и самата негова изјава за шпанската државна телевизија ги подгреа шпекулациите за неговиот настап на Ролан Гарос.

Подобро би било да се вратам нешто подоцна, но во одлична форма, отколку да почнам порано, да брзам и да не се чувствувам добро. Ако даде Господ, пред мене е долга кариера, уште многу години. Претераното брзање да играм на Ролан Гарос би можело сериозно да ми наштети за идните турнири. Вакви работи се случуваат во професионалниот спорт, морате да ги прифатите. Моја задача е добро да се опоравам ако не сакам тоа да ми пречи во иднина“, истакнува шпанскиот тенисер.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести