Други спортови Тенис

Алкараз и Синер обезбедија четвртфинале во Монте Карло

Фаворитите на Мастерсот во Монте Карло, без посериозни проблеми обезбедија пласман во следната фаза од турнирот.

Италијанецот Јаник со победата против Томас Мачак, со 2-1 (6-1, 6-7, 6-3) во сетови, обезбеди пласман во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло. Италијанскиот тенисер беше фаворит во овој дуел и ја оправда таа улога против 56-то пласираниот на АТП листата, Томас Мачак.

Карлос Алкараз исто така се пласираше во четвртфиналната рунда на Мастерсот во Монте Карло, славејќи победа со 2-1 (6-1, 4-6, 6-3) во сетови, против 30-то рангираниот Аргентинец на АТП листата, Томас Мартин Ечевери.

Во четвртфиналната рунда Синер ќе се сретне со канадскиот тенисер Феликс Оже Алиасим, а Алкараз за полуфинале ќе игра против Александар Бублик од Казахстан.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести