Актуелниот освојувач на Мастерсот во Монте Карло и лидер на АТП листата, Карлос Алкараз, со рутинска победа над Аргентинецот Себастијан Баез (6-1,6-3), избори пласман во осминафиналето на турнирот во Монте Карло.
Шпанскиот тенисер во осминафиналето ќе го чека подобриот од дуелот помеѓу Аргентинецот Томас Мартин Ечеверија и Французинот Теренс Атман.
Јаник Синер исто така имаше убеднив настап, изборувајќи се за осминафинале за 65 минути, против Французинот Иго Амбер (6-3,6-0).
Италијанецот во осминафиналето ќе го чека подобриот од дуелот помеѓу Аргентинецот Франциско Серундоло и Чехот Томас Махач.

