Карлос Алкараз сè уште не е подготвен за враќање на тениските терени. Шпанскиот ас го потврди отсуството од Мастерсот во Синсинати, што дополнително ја зголеми неизвесноста околу неговиот настап на последниот Грен слем во сезоната – УС Опен. Алкараз веќе околу четири месеци е надвор од конкуренција поради повреда на зглобот на раката. Последниот меч го одигра во април на турнирот во Барселона, по што ги пропушти Ролан Гарос, Вимблдон, како и Мастерсите во Мадрид, Рим и Монтреал.
Одлуката да не настапи ниту во Синсинати е нов удар за плановите на поранешниот светски број еден. Иако засега нема официјална потврда дека ќе го пропушти УС Опен, неговото долго отсуство сериозно го доведува во прашање настапот во Њујорк. Алкараз минатата година триумфираше во Синсинати, па доколку не настапи, ќе има и дополнителен предизвик во одбрана на освоените бодови. Шпанецот сега е во трка со времето за да се врати целосно подготвен за продолжението на сезоната.
Carlos Alcaraz has withdrawn from the Cincinnati Open.
Wishing all the best to our 2025 champion in his recovery process. Can’t wait to welcome you next year! ❤️ pic.twitter.com/Ls1PCFtCfk
— Cincinnati Open (@CincyTennis) August 4, 2026

