Други спортови Тенис

Алкараз го ,,прегази” Бублик за полуфинале

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз со одлична игра во четвртфиналето, славеше убедлива победа против Александа Бублик, со 2-0 (6-3, 6-0) во сетови и обезбеди ново полуфинале на Мастерсот во Монте Карло.

Вториот на АТП ранг листата, Јаник Синер исто така лесно славеше победа против канадскиот тенисер Феликс Оже-Алиасим. Тој како и неговиот најголем ривал на турнирот во Монте Карло, славеше со максимални 2-0 (6-3, 6-4) во сетови.

Рускиот тенисер Александар Зверев беше подобар од својот ривал Жоао Фонсека со 2-1 во сетови и се пласираше во полуфиналето.

Во полуфиналната фаза Јаник Синер ќе се сретне со  Александар Зверев, а Карлос Алкараз ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Валентан Вашеро и Алекс де Минор.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести