Македонски ракомет Ракомет

Алкалоид го „запали моторот“ за новата сезона со три квалитетни засилувања (ФОТОГАЛЕРИЈА)

РК Алкалоид ги започна подготовките за новата сезона со првата прозивка во Автокоманда, каде што раководството на клубот им посака успешна сезона на ракометарите. Тимот го очекува исклучително динамична година, бидејќи ќе настапува во домашното првенство, Купот на Македонија, новоформираната Регионална лига, како и во ЕХФ Европскиот куп, во кој ќе ја брани титулата освоена во сезоната 2024/25.

Подготовките ќе се реализираат во три фази, во Скопје, потоа во Маврово од 3 август, а ќе бидат заокружени со серија контролни натпревари. Во меѓувреме, клубот официјално ги претстави и трите големи летни засилувања. Нови членови на Алкалоид се словенечките репрезентативци Матиц Сухолежник и Нејц Цехте, како и искусниот црногорски лев бек Вуко Борозан. Со овие засилувања, скопскиот тим дополнително го зголемува квалитетот и амбициите пред предизвиците што го очекуваат во новата сезона.

ФОТОГАЛЕРИЈА: Facebook / RK Alkaloid

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.