Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Алисон за Анчелоти: Тој е роден победник кој го прероди Бразил!

Голманот на бразилската репрезентација, Алисон Бекер, упати сериозни пофалби до селекторот Карло Анчелоти за неговата улога во преродбата на националниот тим во изминатата година. Чуварот на мрежата на Ливерпул, на два дена пред премиерниот дуел на „кариоките“ против Мароко, го опиша италијанскиот стратег како роден победник кој донел мир и потребна стабилност во соблекувалната по неколкугодишните разочарувања.

Според Алисон, атмосферата во тимот целосно се трансформирала со доаѓањето на Анчелоти, кој успеал да создаде чиста работна средина ослободена од какви било надворешни контроверзии и притисоци. Тој додаде дека неговиот авторитет веднаш се забележува кај играчите и дека е вистинска инспирација да се гледа како човек кој освоил апсолутно сè во фудбалот, сè уште работи со толкава радост, жар и ентузијазам на кормилото на Бразил.

За искусниот 33-годишен голман ова е трет настап на Светските првенства во кариерата, со што се приклучува на елитната група бразилски чувари на мрежата во која досега беа само легендарните Тафарел и Жилмар, кои во минатото успеаја да станат светски шампиони. Бразилците важат за еден од главните фаворити за трофејот кој го чекаат уште од 2002 година, но Алисон предупредува дека тој статус воопшто не гарантира успех, туку само носи дополнителен товар поради тежината на култниот дрес. По дуелот со Мароко, петкратниот светски првак во рамките на групата Ц ќе ги одмери силите уште и со селекциите на Хаити и Шкотска.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.