Најголемата ѕвезда на канадската репрезентација, Алфонсо Дејвис, би можел да го пропушти претстојното Светско првенство поради повреда на тетивата заработена на мечот меѓу Баерн и ПСЖ. Баварскиот клуб веќе потврди дека неговата сезона е завршена, што предизвика аларм кај домаќинот на претстојниот шампионат.
Иако прогнозите велат дека се потребни неколку недели за закрепнување, прашање е во каква форма Дејвис ќе го дочека 12 јуни и премиерниот дуел против Босна и Херцеговина во Торонто. Со оглед на неговата историја со повреди, Канаѓаните се во страв дека ќе останат без својот лидер во групата Б, каде ќе ги одмерат силите и со селекциите на Швајцарија и Катар.

