Меѓународен фудбал Фудбал

Алесандро Дел Пиеро купува историски клуб во Италија!

Легендата на Јувентус и италијанскиот фудбал, Алесандро Дел Пиеро, се поврзува со потенцијално преземање и оживување на клубот Римини, кој во последниот период се соочи со сериозна финансиска криза и административни проблеми.

Клубот минатата година беше казнет со одземање на бодови поради неправилности во работењето, а подоцна се соочи и со исклучување од Серија Ц поради банкрот и неможност да ги исполни финансиските обврски.

Според италијанските медиуми, Дел Пиеро е дел од инвестициски конзорциум кој размислува да го преземе клубот и да започне процес на негово рестартирање. Во проектот би бил вклучен и непознат бизнис-партнер кој претходно соработувал со поранешниот капитен на Јувентус во други деловни иницијативи.

Исто така се наведува дека веќе имало првични разговори меѓу Дел Пиеро и локалните власти во Римини, што дополнително ги засилило шпекулациите дека оваа фудбалска приказна би можела да добие нов почеток.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.