Боречки спортови Други спортови

Александар Џокер Илиќ сепак ќе продолжи со ФНЦ

Српскиот ММА борец, Алексадар Џокер Илиќ деновиве беше во фокусот на јавноста, објавуваќи дека нема да продолжи да се натпреварува на ФНЦ поради тоа што договорот му е истечен, а преговорите за нов не го дале посакуваниот резултат и дека тој не ја добил почитта која ја заслужува со своите настапи. Денес беше објавено дека сепак беше објавено дека до договор дошло, барем за ФНЦ 31 кој ќе се одржи во Белград, на 30. мај. Се уште не е потврдено кој би бил негов противник, но се очекува тоа да биде Хрватот Џани Барбир, кој  го има шампионскиот појас во категоријата до 84 килограми. Борбата помеќу овие два борци веќе долго време ја исчекуваат фановите на ММА спортот во регионот.

На последниот ФНЦ настан на кој настапи Илиќ, во Минхен, српскиот борец славеше победа во реванш борбата против Миран Фабијан, со спектакуларен нокаут по само 21 секунда. Во првата борба Фабијан славеше со прекин во втората рунда.

На ФНЦ 31 потврдено е дека ќе настапи и тешкашот Дарко Сошиќ, противник во октагонот ќе му биде Грег Харди.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести