Меѓународен фудбал Фудбал

Алберт Риера и официјално е нов тренер на Црвена Звезда!

Црвена Звезда и официјално го потврди тоа за кое со денови се шпекулираше во фудбалските кругови, нов шеф на стручниот штаб на српскиот шампион е шпанскиот стратег Алберт Риера, кој стави потпис на двогодишен договор. Поранешниот фудбалер на Ливерпул и Манчестер Сити пристигнува во Белград со богата биографија, откако во тренерската кариера ја освои двојната круна со Олимпија Љубљана, го одведе Цеље до четвртфиналето во Конференциската лига, а работеше и во француски Бордо и германски Ајнтрахт Франкфурт.

Шпанецот беше главна желба на раководството на Црвена Звезда уште минатата зима, но тогаш изборот падна на Дејан Станковиќ. По неславната разделба со Станковиќ, Риера конечно го презема кормилото на белграѓани, а негов прв и најважен предизвик ќе биде да го прескокне чешкиот претставник Викторија Плзен и да обезбеди пласман во групната фаза од Лига Европа.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.