Меѓународен фудбал Фудбал

Аларм во Манчестер Сити: Ерлинг Халанд се повреди на дуелот против Португалија

Голгетерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, предвреме го заврши настапот за репрезентацијата на Норвешка во поразот од Португалија во Лигата на нации, предизвикувајќи сериозна загриженост во таборот на „граѓаните“ пред големото дерби против Ливерпул во Премиер лигата.

Норвешкиот напаѓач уште околу 60-тата минута од мечот, при резултат 1-1, започна да сигнализира кон својот селектор Столе Солбакен дека чувствува проблеми, за во 67-та минута кривејќи и со очигледен дискомфорт конечно да го напушти теренот. Сè уште нема официјална потврда дали станува збор за полесна повреда на мускулот или за силни грчеви предизвикани од преголем замор, имајќи предвид дека Халанд одигра повеќе од пет и пол часа репрезентативен фудбал за помалку од две недели.

Селекторот Солбакен за норвешките медиуми ги намалуваше тензиите и изјави дека излегувањето од игра било однапред планирано за второто полувреме. Сепак, сцените во кои вообичаено неуморниот 26-годишен голгетер напушта со болна гримаса дефинитивно предизвикуваат главоболки за медицинскиот тим на Манчестер Сити.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.