Легендарниот англиски голгетер Алан Ширер испрати силна мотивациска порака до репрезентативците на Англија пред полуфиналниот дуел со Аргентина на Светското првенство. Поранешниот капитен призна дека и по речиси три децении сè уште го боли елиминацијата од Аргентина по пенали на Мундијалот во Франција во 1998 година. Според него, сегашната генерација има шанса да ја испише својата историја и не смее да ја пропушти.
„Тие се само две победи од бесмртноста. Натпреварите против Аргентина секогаш носат посебна тежина, а сега на спротивната страна е и Лионел Меси, еден од најголемите фудбалери на сите времиња“, порача Ширер.
Тој нагласи дека во вакви натпревари најважен е резултатот, а не начинот на кој ќе се дојде до победата.
„Не е важно како ќе победите, важно е да обезбедите место во финалето. Направете сè за по 28 години да не зборувате за тоа што можело да биде, како што јас сè уште зборувам денес“, порача англиската легенда.

