Меѓународен фудбал Фудбал

Алајбеговиќ објасни зошто го избра Јувентус наместо Челзи!

Керим Алајбеговиќ ова лето беше желба на повеќе европски гиганти, но на крајот одлучи да го избере Јувентус. Младиот фудбалер од Баер Леверкузен претходно беше многу блиску до трансфер во Челзи, но се откажа поради неизвесноста околу минутажата. Јувентус му ја понудил токму онаа доверба што ја барал, а договорот бил постигнат за кратко време. Во Торино пристигна со поранешниот играч на клубот, Миралем Пјаниќ, кој исто така имал влијание врз неговата одлука.

„Кога Јувентус ќе повика, навистина е тешко да се каже не. Тоа е еден од најголемите клубови во светот и горд сум што ќе го носам овој дрес. Фактот што клубот имаше доверба во мене беше навистина многу важен“, изјави Алајбеговиќ.

Тој посебно го истакна и тренерот Лучано Спалети, од кого очекува многу да научи.

„Спалети секогаш бара совршенство. На секој тренинг учиш нешто ново. Тој е тренер од највисоко ниво и едвај чекам да продолжам да учам од него“, додаде младиот фудбалер.

За неговиот талент позитивно се изјасни и легендата на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро.

„Чест ми е што кажа убави работи за мене. Само што пристигнав и морам да продолжам да работам напорно. Пред мене има долг пат“, порача Алајбеговиќ.

Новиот член на „бјанконерите“ веќе пронајде и соиграч со кој лесно комуницира – Кенан Јилдиз. Двајцата пораснале во Германија и зборуваат германски јазик.

„Кенан многу ми помогна. Едвај чекаме да играме заедно и да му помогнеме на Јувентус да се врати на врвот“, заклучи Алајбеговиќ.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.