Меѓународен фудбал Фудбал

Ал Наср има долг од 200 милиони евра и нема право на засилувања!

Саудиски Ал Наср, каде што настапува Кристијано Роналдо, се соочува со сериозни финансиски проблеми откако неговиот вкупен долг надмина 200 милиони евра. Поради оваа ситуација, клубот ги замрзна сите активности на летниот трансфер пазар и во моментов не е во можност да регистрира нови фудбалери.

Прва жртва на финансиската блокада стана португалскиот играч за врска Саму Коста од Мајорка. Иако меѓу клубовите имаше постигнато целосен договор, трансферот не се реализираше поради блокираните сметки. Поради тоа, Саудискиот јавен инвестициски фонд, кој е сопственик на Ал Наср, ги ограничи овластувањата на сегашното раководство и донесе одлука клубот да може да купува играчи исклучиво од сопствените генерирани приходи.

ПИФ веќе ангажираше надворешни финансиски и правни експерти со цел да се намалат трошоците и да се направи план за стабилизација во точно дефиниран рок. Дополнително, фондот сериозно ја разгледува и можноста за продажба на Ал Наср, а според локалните медиуми, веќе се пристигнати две официјални понуди за преземање на клубот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.