Тиџани Рејндерс се наоѓа пред заминување од Манчестер Сити по само една сезона помината на „Етихад“. За холандскиот репрезентативец пристигна конкретна и богата понуда од саудиска Ал Кадисија во вредност од 60 милиони евра, која раководството на англискиот шампион веднаш ја прифати. За трансферот да стане официјален, се чека уште крајниот амин од самиот фудбалер.
За Рејндерс летово имаше интерес и од Нотингем Форест и Галатасарај, но саудискиот клуб нуди финансиски услови кои европските екипи едноставно не можат да ги следат. Со оглед на тоа што Холанѓанецот бараше околу 9 милиони евра годишна плата при преговорите со турскиот гигант, преселбата на Блискиот Исток изгледа сè поизгледна.
Манчестер Сити брзо даде зелено светло за зделката бидејќи со оваа сума целосно ќе ги врати вложените 55 милиони евра кога минатото лето го доведе од Милан. Заработените пари веднаш ќе бидат пренасочени за реконструкција на средниот ред, каде што по доаѓањето на Елиот Андерсон, следна главна мета на „граѓаните“ е Енцо Фернандез од Челси.

