Меѓународен фудбал Фудбал

Ал-Хилал сериозно ќе се засилува: Прва мета е Луис Диаз од Бајерн!

Саудискиот клуб Ал-Хилал издвои буџет од 350 милиони евра за претстојниот летен преоден рок, а како прва и најголема желба на раководството се издвојува офанзивецот на Баерн Минхен, Луис Диаз. По две сезони во кои остана без шампионската титула, клубот што се наоѓа под закрила на Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија (ПИФ) планира сериозни инвестиции за враќање на тронот.

За ангажман на колумбискиот репрезентативец, Ал-Хилал е подготвен да издвои помеѓу 120 и 150 милиони евра на име на обештетување. Покрај тоа, на фудбалерот ќе му биде понудена годишна плата од дури 25 милиони евра, што е значително повеќе од неговите моментални примања во Минхен, каде што заработува околу осум милиони евра нето по сезона.

Стратегијата на саудискиот клуб е најпрво да ги претстави сите финансиски детали пред самиот играч и да ги договори личните услови, па дури потоа да испрати официјална понуда до Баерн. Со оглед на тоа што Диаз има уште три години од договорот со германскиот гигант, конечниот збор ќе го има самиот фудбалер и неговата подготвеност за заминување од европскиот фудбал.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.