Андре Агаси смета дека најголемиот предизвик за Новак Ѓоковиќ повеќе не е квалитетот на неговата игра, туку физичката подготвеност. Поранешниот тренер на српскиот тенисер истакна дека впечатокот е дека Ѓоковиќ не ја открива целосно вистинската состојба во која се наоѓа.
„Многупати сум го видел Новак како се жали на физички проблеми, но секогаш играше со огромна желба. Сега ми изгледа дека крие како навистина се чувствува“, изјави Агаси.
Според него, тоа се забележува и на теренот, бидејќи Ѓоковиќ сè почесто се обидува да штеди енергија и повнимателно ги избира ударите. Агаси нагласи дека српскиот ас и понатаму има шампионски квалитет, но на 39-годишна возраст физичката издржливост станува сè поголем фактор, особено во завршниците на гренд слем турнирите. Според него, токму заморот бил една од главните причини за поразите на Ѓоковиќ во најважните мечеви оваа сезона.

