Кошарка Меѓународна кошарка

Абу Даби домаќин на Евролигашките Ф4 турнири во 2027 и 2029 година

Одлуката е донесена, Евролигата ги одреди домаќините за своите завршни Фајнал-фор турнири за 2027 и 2029 година. Најдобрите четири европски кошаркарски екипи ќе се борат за најпрестижниот трофеј во грандиозната „Етихад Арена“ во Абу Даби.

Со оваа одлука, најквалитетното европско клупско натпреварување повторно ги изнесува своите завршни битки надвор од границите на „стариот континент“. Абу Даби веќе беше домаќин на завршницата во 2025 година, а новото домаќинство е само потврда за јасната стратегија на раководството за дополнително ширење на меѓународниот пазар и значајно зголемување на комерцијалната вредност на овој настан.

Сепак, целосната организација на турнирите ќе зависи и од развојот на безбедносната ситуација на Блискиот Исток. Челниците на Евролигата претходно потенцираа дека сигурноста на играчите, стручните штабови и сите навивачи мора да биде на прво место, поради што не е исклучена и можноста за алтернативно домаќинство доколку условите тоа го наложат.

Засега, Абу Даби останува во прв план, а љубителите на кошарката во нашиот регион со голема љубопитност ќе следат дали некој од балканските претставници ќе успее да извади виза за Обединетите Арапски Емирати и да избори место меѓу четирите најдобри во Европа.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.