Милија Вoјиновиќ повеќе нема да ја извршува функцијата спортски директор на АБА лигата. Иако неодамна на седницата на Собранието доби целосна поддршка, тој неочекувано одлучил да се повлече од позицијата. Според информациите на „Спорт клуб“, Вoјиновиќ кариерата ќе ја продолжи во КК Војводина, а неговиот ангажман се поврзува со најавената соработка на новосадскиот клуб со евролигашот Дубаи.
Неговото заминување значи дека регионалното натпреварување ќе мора да бара нов спортски директор. АБА лигата веќе има отворен конкурс за неколку функции, меѓу кои комесар на натпреварувањето, претседател на судиската комисија и дисциплински судија. АБА лигата во периодот пред почетокот на новата сезона така добива уште една важна задача, да најде наследник на Вoјиновиќ на една од клучните позиции во регионалното натпреварување.

