Македонската машка сениорска ракометна репрезентација ги започнува квалификациите за Европското првенство во 2028 година, а првиот предизвик за нашите ракометари пред домашната публика ќе биде дуелот против селекцијата на Луксембург.
Оваа квалификациска пресметка ќе се одигра во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје на 4 ноември (среда), со почеток од 19:00 часот.
Цените на влезниците за овој натпревар се движат од 300 до 500 денари во зависност од позицијата на трибините. Влезниците веќе се пуштени во продажба и сите верни навивачи на црвено-жолтите можат да ги обезбедат преку продажната мрежа на „МК Тикетс“ и нивната онлајн платформа.

