Македонски фудбал Фудбал

Убедлив триумф на Силекс, реми без голови во Куманово

Силекс прикажа моќно издание на гостувањето во Кавадарци и заслужено стигна до убедлива победа од 0-3 против Тиквеш. Уште од стартот кратовци ја презедоа иницијативата, создаваа шанси и преку Пиреш по прекин го отворија резултатот, а до крајот на првиот дел Алиќ ја зголеми предноста.

Домашниот состав се обиде да се врати во игра, но не успеа да најде решение против сигурната одбрана и расположениот голман на гостите. Во продолжението Силекс рутински ја контролираше играта, а во самиот финиш Велиновски стави точка на триумфот со трет погодок.

Во меѓувреме, во Куманово, Башкими и Брера одиграа израмнет натпревар без голови и мораа да се задоволат со поделба на бодовите.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести