Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Луис Суарез објасни зошто Хари Кејн е број еден во светот!

Поранешниот напаѓач на Барселона, Луис Суарез, ја разбранува фудбалската јавност со својата стручна анализа за најдобрите „деветки“ на денешницата, ставајќи го капитенот на Англија, Хари Кејн, пред незапирливиот Ерлинг Халанд. Легендарниот уругвајски голгетер во интервју за шпански „Мундо Депортиво“ отворено призна дека предност му дава на Англичанецот поради неговата тактичка интелигенција и способноста да го подигне нивото на игра на целиот тим.

Суарез направи јасна паралела меѓу двајцата најсурови стрелци во моментално, потенцирајќи ги нивните клучни разлики во стилот на игра.

„Халанд е класичен убиец во шеснаесетникот, но за тој да функционира, екипата едноставно мора да работи и да игра исклучиво за него. Јас лично повеќе го преферирам Хари Кејн. Тој многу подобро се поврзува со остатокот од тимот. Се движи на теренот постојано размислувајќи што ќе направат неговите соиграчи и го сфаќа фудбалот на еден поинаков, покомплетен начин. Ги обожавам тие детали кај напаѓачите“, објасни Суарез.

Оваа дебата дополнително се вжештува на тековното Светско првенство каде и двајцата голгетери играат клучни улоги за своите селекции. Кејн веќе вечерва на дуелот против Панама ќе се обиде да го надгради својот учинок по двата гола што ѝ ги спакува на Хрватска, со што е на чекор до уривање на историскиот национален рекорд на Гери Линекер. Од друга страна, Халанд, кој тактички одмараше на дербито против Франција, ги полни батериите за да ја предводи Норвешка во пеколно тешкиот судир против Брегот на Слоновата Коска.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.