Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

700.000 навивачи направија хаос, властите возвратија со забрана!

Властите во Мексико Сити донесоа привремена забрана за продажба на алкохол во делови од градот во пресрет на натпреварот меѓу Мексико и Чешка на Светското првенство. Одлуката следува по масовните прослави по победата над Јужна Кореја, кога стотици илјади навивачи ги преплавија улиците, а зад себе оставија огромни количини отпад и бројни прекршоци поврзани со консумирање алкохол на јавни места.

Забраната ќе важи за продавниците и маркетите во централното градско подрачје, вклучувајќи ги и најпосетените навивачки зони. Од мерката се изземени рестораните и баровите. Според локалните власти, по последната прослава биле собрани околу 40 тони отпад, па целта е да се избегнат слични сцени и да се зачува јавниот ред за време на новиот фудбалски спектакл.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.