Репрезентациите на Франција и Сенегал заминаа со почетните 0-0 на паузата од нивниот премиерен натпревар на Светското првенство во рамките на групата И. Фаворизираните „триколори“ прикажаа прилично бледа игра во првите 45 минути, па африканската селекција дефинитивно може да жали што нема предност.
Сенегалците беа многу поопасни на теренот, а најголемата прилика ја имаа во 25. минута кога Николас Џексон ја погоди стативата од голот на Мањан. Пред самиот свиреж за крај на првиот дел, во шестата минута од судиското продолжение, Исмаила Сар од непосредна близина шутираше над пречката, пропуштајќи уште една колосална шанса за водство на Африканците.

